ФИФА ја казни ФФМ со 5.000 швајцарски франци

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја казни Фудбалската федерација на Македонија со парична казна од 5.000 швајцарски франци.

ФФМ е казнета поради неодговорното однесување на малкумина од над 30-те илјади присутни гледачи на арената „Филип Втори“ во Скопје, кои го следеа натпреварот меѓу Македонија и Италија кој се одигра во рамки на квалификациите за Светското првенство што во 2018 година ќе се игра во Русија.

ФФМ ќе треба да плаќа казни поради недолично однесување на гледачите, пред се поради неколкумината навивачи кои по самото завршување на натпреварот, кој заврши со победа на „азурите“ со 2-3, влегоа на теренот во обид да стигнат до италијанските фудбалски ѕвезди.

Казната кон ФФМ е во паричен износ од 5.000 швајцарски франци, но и дополнителна опомена, дека секој нареден инцидент ќе биде построго санкциониран.

Забелешките се однесуваат и на честото користење на ласери, како и свирчиња од трибините, но конкретната казна се однесува на инцидентот за влегување на терен по натпреварот.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он