ФИФА и УЕФА најавија строги казни за клубовите што сакаат да прават Суперлига

Од:

Строги казни за сите клубови и играчи кои евентуално би учествувале во најавената т.н. „затворена Суперлига“, чие формирање го заговараат неколку европски фудбалски гиганти, најавија денеска ФИФА и шесте континентални федерации.

-Во врска со неодамнешните медиумски написи дека некои европски клубови би можеле да формираат европска Суперлига од затворен тип, ФИФА и шесте континентални федерации (АФЦ, ЦАФ, КОНКАКАФ, КОНМЕБОЛ, ОФЦ, УЕФА). одлучно истакнуваат дека таквото натпреварување нема да го признае ниту ФИФА, ниту која било континентална федерација, се наведува во заедничкото соопштение на челните луѓе на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин, како и претседателите на преостанатите пет континентални фудбалски асоцијации.

Во соопштението, исто така, се нагласува дека ниту еден клуб или фудбалер, кој би учествувал во таквата Суперлига нема да може да настапува на натпреварувањата организација на ФИФА и континенталните федерации.

Идејата за формирање Суперлига, што би била алтернатива на сегашната Лига на шампиони во организација на УЕФА, веќе неколку години се споменува во медиумите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

(ВИДЕО) Реал го искористи киксот на Барса, Мбапе повторно се насмевна

А1он