Светската (ФИФА) и Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) веќе работат на промена на календарите на водечките европски натпреварувања.
Позитивно за оваа иницијатива се произнесе и светската фудбалска легенда, претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге.
– Играњето фудбал во снег и студ е многу нелогично. Подобро е скратување на летната пазуза, а таква варијанта сериозно се разгледува во ФИФА и УЕФА. Со евентуални промени во термините за натпреварите, првенствата би започнувале во јануари и би завршувале во ноември, ја пренесува Франс прес изјавата на Румениге.