ФИФА го суспендира својот генерален секретар Жером Валке

Од:

Генералниот секретар на ФИФА Жером Валке е суспендиран и сменет од сите негови функции, соопшти во Цирих, светската фудбалска федерација.

Во соопштението се вели дека суспендирањето на вториот човек во ФИФА, е донесено откако во еден весник беа изнесени сериозни обвинувања против Валке, за тоа дека бил вклучен во шема за продавање на влезници за светските фудбалски првенства, по цена над нивната вистинска вредност.

Французинот Валке (54) на оваа висока функција се наоѓа од 2007 година.

Минатиот месец тој откри дека ја испитува можниста да се кандидира за наследник на претседателот Сеп Блатер, кој во јуни годинава соопшти дека се повлекува од функцијата, само четири денови откако беше по пети пат реизбран на функцијата.

Сега Валке се соочува со формалната истрага на Комитетот за етика во Светската фудбалска федерација.

Жером Валке ги отфрла обвинувањата изнесени во весникот, тврдејќи дека се „фабрикувани“.

Сменувањето на вториот по ранг функционер на ФИФА се случува во време кога организацијата се соочува со најтешките моменти од нејзнината историја, потресувана од скандали и обвинувања за корупција.

Седумина високи функционери на ФИФА во мај годинава беа уапсени во Цирих, непосредно пред Конгресот на организацијата, обвинети од американските власти за примање поткуп и перење пари, а швајцарското обвинителство испитува дали се било регуларно при гласањето за домаќини за наредните две светски првенства во Русија, во 2018 и во Катар, во 2022 година.

За сменетиот генерален секратар Валке се вели дека тој уште од порано беше „под лупа„ осомничен во врска со обвинувањата околу земениот поткуп, при гласањето за организатор за Светското првенство во 2010 година.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи