ФИФА го смени системот на рангирање на репрезентациите

Од:

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави нов систем за рангирање на репрезентациите, објави прес-службата на организацијата. Ажурираниот рејтинг ќе се користи од следниот месец.

Новата верзија ќе ја земе в предвид важноста на натпреварот – од пријателски (5 поени) до плејоф-натпреварите на светското првенство (60 поени). Покрај тоа, континенталните коефициенти ќе исчезнат.

Во верзијата што сега се користи, за натпревари со селекции од Европа и Јужна Америка, се добиваат повеќе бодови отколку со тимови од Африка, Северна и Централна Америка, Азија и Океанија.

За репрезентации кои се домаќини на големи натпревари, ќе има посебна пресметка.

Првата листа по новиот систем ќе биде објавена на крајот на Светското првенство кое почнува в четврток.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи