ФИФА ги соопшти кандидатите за наследник на Блатер

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го дефинира списокот на претенденти за нов претседател на организацијата која изминатите 18 години ја предводеше Сеп Блатер.

Во трката за нов прв човек на светскиот фудбал ќе учествуваат: Џани Инфантино, Жером Шампањ, Токио Сексвејл, принцот Ал Бин ал Хусеин и шеикот Салман Бин ал Калиф.

Блатер ја напушта функцијата по низата скандали за корупција поради што доби суспензија, исто како и првиот човек на УЕФА Мишел Платини.

Комисијата формирана за изборот на нов претседател на ФИФА денеска ги потврди кандидатурите.

Изборот за нов лидер на ФИФА е на почетокот на следниот месец. Ќе се одлучува со тајно гласање.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи