ФИФА донесе одлука кога ќе се доигра натпреварот помеѓу Хрватска и Косово

Од:

Квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Хрватска и Косово кој синоќа беше прекинат, ќе се доигра попладнево, потврдија од Хрватскиот фудбалски сојуз.

Натпреварот беше прекинат по само 22.минути игра, откако теренот на стадионот „Максимир“ беше преполн со вода, поради обилните врнежи на дожд во Загреб.

Иако Хрватите не сакаа денеска да го играат мечот бидејќи веќе во вторник ги очекува тешко гостување во Турција, сепак, во договор со ФИФА, УЕФА и двете фудбслаки федерации, донесена е одлука мечот да се доигра денеска со почеток од 14.30 часот, а истиот ќе продолжи од 22-та минута.

Слична ситуација се случи и лани на дуелот помеѓу Албанија и Македонија во Скадар во рамки на 1.коло во мундијалските квалификации.

Хрватите не се многу среќни со ваквата одлука, бидејќи сега ќе имаат еден ден помалку одмор пред гостувањето во Турција. Дел од хрватските медиуми пренесуваат дека Хрватска ќе побараат дуелот со Турција да се игра ден подоцна во среда.

По некомплетното 7.коло во И групата, лидер на табела е Украина со 14 бодови, еден повеќе од Хрватска и Исланд кои имаат 13, додека четврто пласираната Турција собра 11, а на последните две места се Финска со 4 и Косово со само 1 бод.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи