ФИФА дава 1,5 милијарди долари на фудбалските федерации за борба против пандемијата

Од:

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе издвои 1,5 милијарди долари за да им помогне на националните федерации да се справат со ефектите од пандемијата на коронавирус, соопштија од организацијата.

Секоја од 211 федрации, членки на ФИФА, ќе добие грант од 1 милион американски долари. За развој на женскиот фудбал ќе бидат доделени дополнителни грантови од 500.000 американски долари. Секоја од шесте конфедерации ќе добие 2 милиони долари. Овие плаќања ќе бидат извршени во првите две фази од планот на ФИФА.

Во третата фаза, секоја национална федерација ќе добие можност да аплицира за заем од 500.000 до 5 милиони долари, но сумата не смее да надмине 35% од годишните приходи. На конфедерациите ќе им биде понуден заем до 4 милиони долари. Ќе се формира посебен комитет кој ќе ја следи ефикасноста на трошењето. Тоа ќе го води Финецот Оли Рен.

ФИФА го одобри и годишниот буџет на организацијата за 2021 година и воведе ажуриран календар за националните тимови. Конкретно, беа одобрени измени во календарот на европските тимови, кои сега ќе можат да одиграат три натпревари наместо два во есенските прозорци, резервирани за меѓународни натпревари на националните тимови.

Утврдена е и регулатива за олимписките фудбалски турнири за Игрите во Токио. одложени поради пандемијата на коронавирус од 2020 до 2021 година. Само тројца играчи на возраст над 23 години ќе можат да учествуваат на Олимпијадата.

ФИФА ќе им овозможи на момчињата родени во 1997 година да учествуваат на олимпискиот турнир во Токио.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ