ФИФА бара доживотна суспензија за Платини

Од:

Тибо Д’Алеш, адвокатот на претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Мишел Платини изјави дека ФИФА побарала доживотна суспензија за неговиот клиент.

– Тоа е скандал и прекумерна одлука, потенцира адвокатот на Платини.

Првиот човек на Европската куќа на фудбалот во моментот ја издржува тримесечната суспензијата поради вмешаност во корупциски скандал откако е откриено дека примил два милиони евра за советодавни услуги на првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер кој исто така е под суспензија.

ФИФА објави дека конечната одлука за случајот Платини – Блатер ќе ја донесе на почетокот на следниот месец.

Во случај да му биде укината на Французинот, Платини ќе биде еден од петте кандидати за претседател на ФИФА на изборите закажани за 26 февруари 2016 година.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи