Фиеста СТ – најбрзиот мал сериски Форд

Од:

 Форд ја претстави новата Фиеста СТ со што повторно влегува во друштво на произведувачите што нудат врвни спортски автомобили во компактна класа.

Новата Фиеста СТ е најсилниот и набрз мал сериски Форд досега, што секако е гаранција за одлична забава. Фиеста СТ е развиена од страна на Форд Тим РС и носи 1,6 литарски ЕкоБуст турбо-бензински мотор со директно вбризгување, што развива 182 коњски сили. Од 0 до 100 километри на час Фиеста забрзува за 6,9 секунди, а максималната брзина изнесува 220 километри на час.

Сите работи околу моторот, шестстепениот мануелен менувач, суспензијата, системот за управување и кочење, се дело на инженерскиот тим на Форд Тим РС.

Надворешно новата Фиеста СТ се разликува од стандардниот модел по големата маска на ладилникот, аеродинамичните каросериски додатоци и истакнатиот заден спојлер. Во внатрешноста доминираат спортски Рекаро седишта, алуминиумски педали.

– Од кривина во кривина овој модел ќе ја задржи насмевката на вашето лице, бидејќи нуди апсолутна прецизност при управувањето и преносот на силата на подлогата, изјави Турон Џонсон, менаџер на инженерингот на Форд Тим РС.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on