„Фиат“ во Франкфурт го претстави „500Л Ливинг“

Од:

На Саемот на автомобили во Франкфурт италијанскиот производител „Фиат“ имаше саемска премиера на продoлжената верзија на моделот „500Л“.

Во актуелната европска престолнина на автомобили, „Фиат“, меѓудругото,  најави и два нови мотора со 120 КС што до крајот на годината ќе се најдат во семејството „500Л“.

Со опцијата за дополнителен трет ред седишта, „Фиат 500Л“ претставува компактно патничко возило со пет плус две седишта.

Новиот модел е долг  435 сантиметри, широк 178 и висок 167 сантиметри. И покрај тоа што е пократок за 20-тина сантиметри во однос на караваните од „Ц“ сегментот, „500Л Ливинг“ нуди пространост во кабината, но и голем капацитет за багажникот, што во верзијата со пет седишта изнесува од 560 литри (задните седишта се поместени сосема наназад), до 638 литри (седиштата максимално се поместени напред). Максималната корисна запремнина со спуштени втор и трет ред седишта достигнува 1.584 литри.

На почетокот на продажбата, оваа есен, ќе бидат  понудени верзии со еден бензински мотор, 0.9 TwinAir Turbo со 105 КС, и со два турбо-дизел мотора, 1.6 MultiJet II сo 105 КС и 1.3 MultiJet II со 85 КС, што се достапни и со Dualogic, роботизиран автоматски менувач.

До крајот на 2013 година, на купувачите на моделот од семејството „500Л“ на располагање ќе им бидат уште два мотора. Првиот е 1.4-литарски Т-Јет турбо-бензинец што произведува 120 КС (88 КW) и има маскималeн обртeн момент од 206 Нм. Овoј мотор стандардно е опремeн сo стоп-старт систем, со што дополнително е унапредена неговата економичност во градско возење и намалена е емисијата на јаглерод диоксид.

Покрај бензинецот, „Фиат“ во понудата ќе воведе и 1.6-литарски MultiJet II турбо-дизел мотор, исто така, со 120 КС, но со 320 Нм максимален обртен момент.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска