Новиот кросовер на „Фиат“, моделот „500Х“, во четвртокот ја имаше својата светска премиера во главниот град на Франција. За разлика од претходниот модел, што во името ја носи ознаката 500, а се произведува во Крагуевац, „500Х“ ќе се изработува во Италија.
Минаа неколку години откако „Фиат“ првпат го најави кросоверот од семејството „500“. Иако, веќе на неколку пати имавме можност да се запознаеме со детали од дизајнот, „Фиат“ дури во четвроткот во целост го откри изгледот на ова возило.
Италијанскиот производител ќе понуди две верзии на „Фиат 500Х“ – едната ќе има повеќе урбан карактер, а втората е наменета за рекреативни активности.
Моторизацијата на почетокот ќе опфати еден бензински и два дизел агрегати.
Турбо-бензинецот „МултиАир II“ со 1.4 литри ќе произведува 140 кс (104 кW), а силата ќе се пренесува на предните тркала со помош на шестбрзински мануелен менувач.
Базниот дизелаш е 1.6-литарски МултиЏет II и ќе биде достапен со 120 кс (90 кW), додека во врвот на понадата ќе се најде и 2.0-литарскиот МултиЦет II со 140 кс (104 кW). Моделот што го придвижува послабиот дизел агрегат има преден погон. Моторот, исто така, е впарен со шестбрзински мануелен менувач.
Дволистарската единица е комбинирана со деветстепен автоматки менувач, а силата се пренесува на сите четири тркала.
„Фиат“ за сега не го соопштува датумот за почеток на продажбата на моделот „500Х“ и цената на овој автомобил, а се очекува тој во продажните салони да пристигне на почетокот на 2015 година.