„Фиат“ претстави нов концепт на моделот 500Л со името на познатиот бренд патики „Ванс“. Моделот е наменет за авантуристи, првенствено за сурфери и е претставен на овогодинешното Отворено првенство во сурфање во САД.
Впечатливо е дека концептот е инспириран од „Ванс“, но два детали особено го привлекуваат вниманието. Тоа се карактеристичниот „ван“ дизајн на покирвот и интересните четири лед прстени на ладилникот.
На покривот е смесетн и држач за сурф, користени се три бои за екстериерот, а во внатрешноста е уште поколоритно. Командната табла е ослободена од непотребни детали во стил на сурферската и скејтерска култура.
„Фиат 500Л“ ќе биде изложен до 3 август. Моторот е фабричкиот четирицилиндерски 1,4 литарски МултиЕр бензинец со 160 коњски сили и шестстепен мануелен менувач.