ФИАТ 124 Спајдер – некогаш и сега

Од:

Компанијата „ФИАТ“ по повод јубилејот 50 години од претставувањето на оригиналниот кабриолет „124 Спајдер“, објави галерија фотрографии на стариот и новиот модел.

„ФИАТ 124 Спорт Спајдер“ премиерата ја имаше во 1966 година на саемот на автомобили во Торино. Автомобилот беше темелен врз основа на лимузинската верзија на „ФИАТ 124“, а за дизајнот беше задолжен Пининфарина.

За погон беше употребен 1.5-литарски мотор со четири цилиндри, додека 90 „коњски сили“ на задните тркала се пренесуваа со помош на петбрзински мануелен менувач. Првиот „ФИАТ 124 Спорт Спајдер“ можеше да развие максимални 179 километри на час.

Моделот беше унапреден во 1969 година, кога беа извршени помали промени во дизајнот на надворешноста, вклучувајќи го изгледот на капакот на моторот, стоп светлата и алуминиумските тркала. Значајно беше што автомобилот доби нов 1.6-литарски мотор со 110 кс, додека максималната брзина се зголеми на 180 километри на час.

Новиот редизајн се случи во 1972 година, кога беа воведени 1.6 и 1.8- литарските мотори од „ФИАТ 132“. Послабиот произведуваше 108 кс, а поголем и посилен 118 кс. Максималната брзина изнесувала 180 километри на час , во верзијата со 1.6-литарски бензинец, односно 185 километри на час во варијантата со 1.8-литарски агрегат.

Во 1978 година „ФИАТ 124 Спорт Спајдер“ доби дволитарски мотор, а во 1981 година Пининфарина на женевскиот авто-салон го претстави новиот модел со ознаката „Спајдер Европа“. Овој автомобил користеше четирицилиндерски 2.0-литарски мотор со 105. кс.

Две години подоцна, во 1983 година, моторот беше доработен, доби турбо полнач и можеше да развива 136 кс. Оваа верзија главно беше наменета за пазарот во САД. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ