ФФМ за срамниот потег во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

Од:

Поради нечовечкото однесување на членовите на навивачката група „Балисти“ во Тетово пред натпреварот од 25. коло во ПМФЛ против струмичка Брера стигна реакција од Фудбалската федерација на Македонија.

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа. Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.

ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.

За вакви нелуѓе нема место во фудбалот. Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.

ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок. Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство“, соопштија попладнево од ФФМ.

Би можело да ве интересира

Сејдини под истрага: ФФМ покрена постапка за финансиски злоупотреби

Горан Наумовски

Почина Васил Рингов

Горан Наумовски

Милевски: Горд сум на нашите фудбалери, тие вистински го претставија духот на Македонија

А1он

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

(ВИДЕО) Срамни сцени на фудбалски натпревар во Тетово – „навивачите“ на Шкендија без почит за 59 жртви во Кочани

А1он

Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

А1он