ФФМ со одлука го прекина Националниот шампионат на неодредено време поради превенција од коронавирус

Од:

Натпреварувачката комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на Националниот шампионат од Прва и Втора македонска фудбалска лига, потоа Третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал.

„Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани“, објави ФФМ.

Претходно, согласно препораките и забраните од Владата на Македонија за превенција од коронавирусот, Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари од младите категории и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.

Во текот на денот и Кошаркарската федерација на Северна Македонија донесе одлука за прекин на сите натпреварувања што се под нејзини ингеренции.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски