ФФМ со нов протокол за поголемо присуство на новинари на спортски натпревари

Од:

На барање на Секцијата на спортски новинари при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за обезбедување на непречено присуство на новинари за време на спортски натпревари, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обрати до ЗНМ со известување дека е подготвен нов протокол.

– Поради фактот што протоколот е жив документ кој треба да се адаптира согласно реалната ситуација на терен како и расположливата инфраструктура на стадионите низ државата, ФФМ изготви нова верзија на Протокол која веќе е доставена до Комисијата за заразни болести на одобрување, вели Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски во дописот до ЗНМ.

ФФМ дополнително информира дека бројот на новинари, фоторепортери и сниматели е зголемен и истиот доколку се одобри од Комисијата ќе стапи веднаш на сила до сите клубови и ќе биде објавен на веб страната на Федерацијата.

Секцијата на спортски новинари при ЗНМ во текот на месец август се обрати до ФФМ и Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство откако до ЗНМ беа пристигнати поплаки од новинари дека не им бил дозволен влез да известуваат од спортски натпревари.

ЗНМ и понатаму ќе ја следи состојбата на сите организатори на спортски натпревари во државата дали истите ја попречуваат работата на новинарите но и дали истовремено преземаат мерки за нивна безбедна работа во поглед на пандемијата преку кои се гарантира здравјето на медиумските работници.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски