ФФМ се извини, направила техничка грешка со гласовите на Пандев

Од:

Фудбалската федерација на Македонија излезе со инфорамција околу гласините и шпекулациите кои неправедно беа насочени кон капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев при гласањето во изборот на ФИФА за најдобар тренер за 2012 година.

Во соопштението од ФФМ се вели дека во прашалникот за гласање испратен од ФИФА за избор на најдобар фудбалер и тренер пристигнат во куќата на фудбалот во Македонија, капитенот на репрезентацијата Горан Пандев беше контактиран за потврда на неговиот избор во двете категории.

– Горан Пандев усно потврди кој е неговиот избор во категориите. Капитенот на репрезенацијата го избра Жозе Мурињо за најдобар тренер за 2012 година. Во гласањето, Горан Пандев му даде 5 поени на Жозе Мурињо. Сепак, при пополнувањето на прашалникот поради техничка грешка, без било каква намера да се злоупотреби изборот на Пандев, беше обележано името на Висенте Дел Боске. Следниот ден прашалникот беше испратен до ФИФА. Станува збор за техничка грешка. Јасно е дека Горан Пандев својот глас го дава за Жозе Мурињо, соопштуваат од ФФМ.

Тие јавно им се извинуваат на сите засегнати страни со овој случај.

– Ја користиме оваа прилика да упатиме извинување до ФИФА, Жозе Мурињо и до нашиот капитен Горан Пандев за непријатноста на која беа изложени. Се надеваме дека последиците не се од големи размери и немаат големо влијание во изборот за најдобар тренер, истакнуваат од ФФМ.

Последниве две недели голем публицитет во светската фудбалска јавност предизвика изјавата на Пандев дека тој гласал за Мурињо, а ФИФА неговиот глас го проследила до победникот Дел Боске. Мурињо оваа изјава на Пандев ја искористи како потврда околу неговото сомневање за неправилностите при гласањето за избор на тренер на годината за 2012.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ФИФА воведува трет преоден рок

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“