ФФМ пушти во употреба електронски „фаншоп“

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално ја пушти во употреба електронската верзија на продавница за дресови и сувенири од фудбалската репрезентација на Македонија.

Преку www.fanshop.ffm.mk навивачите на „рисовите“ можат да го нарачаат оригиналниот дрес на македонската репрезентација кој ќе им биде доставен на домашна адреса.

Од ФФМ најавуваат дека наскоро во понудата, освен основните производи ќе може да се најдат маички, тренерки и друга спортска опрема со обележјата на македонската репрезентација како и шалови, капи и останати производи.

Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници дресот на македонската репрезентација од германскиот производител на спортска опрема JAKO може да се купи по промотивна цена.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски