ФФМ одржа консултативен состанок со прволигашите

Од:

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија одржа состанок на отворено со раководните луѓе на десетте клубови од Првата лига.

Претставниците на Вардар, Силекс, Шкендија, Ренова, Македонија Ѓ.П., Шкупи, Академија Пандев, Работнички, Борец и Струга Трим Љум беа присутни на состанокот со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Филип Поповски, заменик генералниот секретар, Дрилон Ганиу и претседателот на натпреварувачката комисија, Игор Франговски.

Состанокот имаше консултативен карактер во однос на начинот и предлозите за завршување на прекинатата натпреварувачка 2019/2020 сезона.

– Конечна одлука за натпреварувачката сезона, ФФМ заедно со клубовите ќе донесе на нов состанок во најскоро можно време откако ќе ги добие препораките и мерките од протоколот за одржување тренинзи и одигрување натпревари од координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот, соопшти ФФМ.

На денешната средба претставниците на прволигашите се согласија дека поради органичената временска рамка нема услови да се одиграат сите преостанати натпревари, па по добивањето на протоколот за заштита, федерацијата и клубовите ќе излезат со заеднички став околу евентуалното продолжување на првенството во скратен формат или целосен прекин.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска