ФФМ не ги прифаќа одлуките на ОФС Тетово

Од:

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одлучуваше во однос на наводите за нерегуларности на Редовното годишно изборно собрание на ОФС Тетово, а по пристигнатите барања на дел од членови на Управниот одбор на ОФС Тетово и останати засегнати страни од ОФС Тетово.

– Управниот одбор по разгледување на целокупната документација пристигната од ОФС Тетово, како и целокупната документација со наводи за нерегуларности при процесот на организација и одржување на Редовното генерално собрание на ОФС Тетово доставена од заинтересирани страни, како и од исказите дадени на дел од членовите на Управниот одбор на ОФС Тетово на самата седница на Управниот одбор на ФФМ, утврди дека седницата на Редовното генерално изборно собрание на Општинскиот фудбалски Сојуз Тетово, одржано на 25.01.2017 година во Тетово е организирана спротивно на Статутот на ОФС Тетово и Статутот на ФФМ, по што донесе одлука дека сите одлуки донесени на Редовното генерално изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз Тетово одржано на 25.01.2017 година немаат правно дејство и не предизвикуваат правни последици кон Фудбалската федерација на Македонија, соопштија од федерацијата.

Со оглед на изборниот период во кој се наоѓа Фудбалската федерација на Македонија, а се со цел да се избегнат шпекулации во јавноста, Управниот одбор на ФФМ одлучи дел од документацијата која беше предмет на разгледување да ја направи јавно достапна и истата може да се погледне на официјалниот сајт на ФФМ.

ОФС Тетово на оспореното изборно собрание го назначи Мирсад Јонуз за кандидат за претседател на ФФМ.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска