ФФМ ги номинира најдобрите за 2014

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата веб страна ги објави номинациите за најдобрите во 2014 година. Посетителите на ffm.mk до 11 декември ќе можат да го дадат својот глас за еден од кандидатите во шесте категории.

Се гласа за најдобри во 2014 година во категориите:

Најдобар фудбалер во Македонското фудбалско првенство каде номинирани се: Борче Маневски и Благоја Тодоровски од Работнички и Изаир Емини од Ренова.

Најдобра фудбалерка: Наташа Андонова (Турбине Потсдам), Катерина Милевска (ЖФК Кочани) и Накшије Кривањева (Хонвед).

Најдобар тренер во футсал: Зоран Левески (КМФ Железарец), Африм Јонузи (КМФ СЕЕ Универзитет).

Најдобар фудбалер во футсал: Кристијан Златковски (КМФ Биџо Куманово), Зоран Левески (КМФ Железарец) и Ферид Агуши (КМФ Железарец).

Најдобар млад фудбалер: Јасир Асани (Вардар), Даниел Аврамовски (Работнички/Црвена Звезда) и Михајло Јакимовски (Металург).

Најдобар судија: Горан Спиркоски, Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски.

Добитниците на наградите ќе бидат објавени на свечената менифестација која ќе се одржи на 23 декември.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска