ФФМ ги избра новите секлектори што ќе ги предводат младинските селекции

Од:

Фудбалската федерација на Македонија на седница на Управниот одбор официјално ги избра новите селектори кои ќе ги предводат младинските национални репрезентации.

Никола Аврамовски е избран за селектор на репрезентацијата до 13 години. Аврамовски е поранешен фудбалер на Вардар. По завршувањето на играчката кариера продолжи во тренерските води. Беше дел од младинско пионерската школа на Вардар. Со интернационално искуство се стекна во Хрватска. Го предводеше тимот на ФК Зденка, две години работеше и во ФК Бјеловар, како Шеф на стручниот штаб и на младинската школа. Во сезоната 2011/2012, Аврамовски го предводеше составот на Еуромилк во Македонската Втора лига. Од август 2011 година – ЕУРО ПРО лиценциран тренер.

Гајур Реџеп е новиот селектор на селекцијата до 16 години. Три натпреварувачки сезони Реџеп мина во Турција. 2005 година беше дел од стручниот штаб на Аксеки Арома Анталја. Во сезоната 2006 беше дел од тимот на Истанбулспор, дел од својата кариера во Турција мина и во Текирова Анталја. Реџеп е поранешен Шеф на стручниот штаб на ФК Љуботен од Тетово и на ФК Шемшова 1984.

Боби Стојкоски е селектор на репрезентацијата на Македонија до 16 години. Во сезоната 2010/2011 го предводеше тимот на Македонија ЃП како Шеф на стручниот штаб. Поранешен асистент – тренер во ФК Вардар. Во последните две години работеше како координатор на младинско-кадетско-пионерската школа на Македонија ЃП.

Јетон Несими е избран за селектор на репрезентацијата до 17 години. Несими е поранешен тренер на ФК Гостивар, во сезоната 2007 беше дел од стручниот штаб на ФК Шкендија.

Марио Вујовиќ ќе ја предводи селекцијата на Македонија до 18 години. Вујовиќ е тренер со УЕФА ПРО лиценца. Поранешен фудбалер на Хајдук, Вардар, Славен Белупо. Како тренер ги мина сите категории во ФК Вардар. Работеше и во младинските национални селекции.

Алексо Мацков е избран за селектор на репрезнетацијата до 19 години. Некогашен голман на Вардар, Балкан, Куманово, Работнички, Љуботен и Југококта, а своевремено и младински репрезентативец на СФР Југославија.

Тренерската кариера Мацков ја почна како помошен тренер во Балкан. Прв тренер на тој клуб стана во 1993 и екипата ја водеше до 1996 година, кога чаирчани беа двапати трети и по еднаш деветти и осми. По ова ја водеше и Шкендија, а во 1998 година беше тренер на Цементарница. Тимот од Кисела Вода го водеше и во две кола од натпреварите во купот Интер-тото. Мацков е поранешен тренер и на Осогово, Куманово, Металург, Пелистер и Вардар. Мацков е поранешен прв тренер на репрезентација до 21 година и на „А“ селекцијата.

Би можело да ве интересира

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on