ФФМ дел од проектот на УЕФА „Капитени на промени“

Од:

УЕФА оваа недела ја започна програмата „Капитени на промени“, каде учесниците се стремат кон развој на проекти за различност и инклузија во фудбалскиот менаџмент низ европските земји.

Кандидатите кои работат во националните федерации членки на УЕФА, или пак во УЕФА партнерските организации ќе ги презентираат своите предлог проекти , а потоа ќе бидат водени низ стратегиите за менаџмент со промени, структура на проекти и лидерство преку работни групи.

Освен што ќе им бидат дадени алатки за имплементација на нивните поединечни иницијативи за различност, учесниците ќе црпат инспирација од Кларенс Сидорф, глобален амбасадор на УЕФА за различност и промени, Џојс Кук, управен директор на CAFE (Centre for Access to Football in Europe – Центар за пристапност до фудбал во Европа), како и Пиара Повар, извршен директор на FARE (Football Against Racism in Europe – Фудбла против расизмот во Европа). Програмскиот амбасадор Кристијан Карамбеу ќе му се придружи на генералниот секретар на УЕФА Џани Инфантино во затворањето на еднонеделните активности.

– Проектот Капитени на промени е создаден со цел да се охрабри поголем диверзитет во фудбалот и оттука ќе произлезат значајни чекори во тој правец уште во првите предлог проекти. Фудбалот подразбира прифаќање на различностите на теренот, а ние се трудиме тоа да го пренесеме и на ниво на администрацијата и менаџментот на играта, и во таа смисла ова е програма која може да ја смени перцепцијата за изгледот на спортот, изјави Инфантино.

Дел од овој проект е и Фудбалската федерација на Македонија.

– Доколку сакаме да постигнеме вистинска промена во фудбалските тела мора да се покаже лидерство и одговорност. Нашето учество во програмата ќе влијае како иницијатор на тие промени преку зајакнување на соработката помеѓу сите заинтересирани страни и во нашиот случај, ќе води кон инклузија на повеќе жени и лица со посебни потреби, истакна Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски