Фетел за првпат седна во болид на Ферари

Од:

Себастијан Фетел за прв пат возеше болид на Ферари и не штедел комплименти за својот болид во новиот тим.

Четирикратниот светски шампион веројатно малку порано ќе седнеше во болидот на Ферари, но Ред Бул не му дозволи и тој мораше да го почитува договорот со поранешниот негов клуб до крај. Сепак, тие се разделија на убав начин.

– Ова беше уникатно искуство. Знаете, пред ова возење слушнав многу приказни за Маранело и Ферари, и не верував дека може да бидат вистина, но тие се реални. Сѐ е магично. Јас никогаш не би верувал дека луѓето ќе дојдат само да ме видат како го испробувам новиот болид, рече Фетел.

Неговиот тимски колега Кими Раиконен изјави дека Ферари многу научи оваа година и дека во 2015 ќе биде многу поконкурентен.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес