Фетел и Раиконен ќе стартуваат од првиот ред на утрешната трка за ГН на Кина

Од:

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ќе тргне од првата стартна позиција на трката за Големата награда на Кина.

На денешните квалификации во Шангај, Фетел извози најбрз круг со време 1:31.095 минута што беше за 0.087 секунда побрзо од неговиот клупски колега Кими Раиконен кој ја зазема втората позиција.

Од вториот ред на утрешната ќе тргнат возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.

По нив од петта до десеттата позиција се пласираа Макс Верстапен, Даниел Рикаирдо, Нико Хулкенберг, Серхио Перез, Карлос Саинц Јуниор и Роман Грожан.

Главната трка за кинеското Гран при ќе почне утре во 9 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур