Возачот на „Ферари“ Себастијан Фетел ја критикуваше Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) по повод донесувањето на одлуката за забрана на менување на дизајнот на кацигите во текот на сезоната.
– Искрено мислам дека се работи за шега. Постојат многу поголеми проблеми во Формула 1, изјави Фетел.
Германскиот возач додаде дека се уште ги нема разгледано казните за прекршување на ова правило.
– Не знам какви се казните. Ако се работи за парична казна, ќе бидам среќен и ќе продолжам да ги менувам кацигите, рече фетел.
Новата сезона од шампионатот во Формула 1 почнува на 15 март со трката во Австралија, а ФИА одлуката за забрана на промена на кацигите ја објасни со полесно распознавање на возачите од страна на гледачите.