Фетел најбрз во Барселона, нови проблеми за Мекларен

Од:

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел забележа најдобро време до средината на првиот ден од втората серија претсезонски тестови на шпанската патека „Каталонија“. Четирикратниот светски првак направи 86 круга без технички проблеми, што е една од најважните работи во оваа фаза на подготовката.

Белгискиот пилот од тимот на Мекларен, Стофел Вандорн успеа да направи само седум обиколки, поради техничка грешка. Претходно, механичарите на Мекларен се бореа три часа со автомобилот во боксот.

Втор заврши пилотот на шампионот на Мерцедес-Бенц, Валтери Ботас. Финецот заостанува зад Фетел со 0.200 секунди. Трет е Макс Верстапен (Ред Бул), кој направи 85 круга и заостанува од лидерот 0,253 секунди.

Пјер Гасли го освои четвртото место за тимот на Торо Росо, а првите пет ги затвори Кевин Магнусен од Хас.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур