Фетел доминираше во претпоследниот тест пред стартот на сезоната во Формула 1

Од:

Себастијан Фетел и Ферари упатија порака кон конкуренцијата со рекордно брзиот круг што Германецот го забележа во денешниот четврти ден од втората серија предсезонски тестови на шпанската патека „Каталонија“ крај Барселона.

Со хипермеките гуми на „Пирели“, четирикратниот светски шампион заврти најбрз круг уште пред паузата за ручек, за 1:17.182 минути, со што го остави својот најблизок конкурент на повеќе од секунда заостанување.

Фетел, исто така, беше недостижен и во однос на поминатите тест километри, откако забележа огромна серија кругови (188) без никакви технички проблеми. Само Макс Ферстапен му конкурираше на Себ по овој показател со 187 круга. Холандскиот пилот на Ред Бул, сепак не покажа брзина денеска и остана претпоследен на 12-тата позиција.

Изненадувачки, возачот на Хас, Магнус Ериксон беше втор. Пласманот зад Фетел беше пополнет од пилоти на помалите тимови, откако Луис Хамилтон остана едвај деветти и дури клубскиот колега во Мерцедес – Валтери Ботас беше побрз од Британецот со осмо време.

Првите десет ги комплетираа Роберт Кубица како резервен пилот на Вилијамс. Полјакот денес извози 73 круга.

Стофел Вандорн го израдува тимот на Мекларен со цели 151 круга, што е вистинско достигнување за британскиот тим, кој повторно се соочува со технички проблеми за време на тестовите пред почетокот на сезоната.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ