Ферстапен победи во Монако и ја презеде од Хамилтон лидерската позиција во Ф1 поредокот

Од:

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Монако.

Холанѓанецот трката ја заврши со време 1:38:56,820 час. Второто место му припадна на Карлос Сајнц Јуниор од Ферари (+8,968 секунди), додека трет беше Ландо Норис од Мекларен (+19,427 секунди).

Актуелниот шампион Луис Хамилтон го освои седмото место, по што водечката позиција во поредокот му ја препушти на Ферстапен.

Трката воопшто не ја стартуваше освојувачот на пол-позицијата Шарл Леклер од Ферари поради проблеми со болидот.

Табела по пет трки во Ф1: Верстапен 105 бода, Хамилтон 101, Ландо Норис 56, Валтери Ботас 47, Серхио Перез 44,….

Следната трка е закажана за 6. јуни во Азербејџан.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур