Фернандо Алонсо се договори со Макларен

Од:

Двојниот светски шампион во Формула 1 Фернандо Алонсо дефинитивно го напушта Ферари и од следната сезона ќе биде возач на Макларен.

Договорот со Алонсо, како што потврдиле во Мекларен, ќе биде официјално објавен пред последната годинашна трка за Големата награда на Абу Даби на 23 ноември.

Според британските медиуми, се уше не се знае кој ќе му биде тимски колега на Алонсо. Во Мекларен се двоумат дали да го задржат Џенсон Батон или Кевин Магнусен.

Фернандо Алонсо беше дел од Мекларен во 2007 година. Иако имаше тригодишен договор, го напушти тимот само по една сезона поради одбивањето на раководството да му даде апсолутна поддршка пред вториот возач Луис Хамилтон, кој тогаш беше дебитант. Таа сезона и Алонсо и Хамилтон останаа без титулата, која со само бод предност ја освои Кими Рајконен со Ферари.

Алонсо си заминува од Ферари по пет години минати во екипата од Маринело. Иако повеќепати изјавуваше дека ќе остане во италијанскиот тим до крајот на кариерата, неконкурентноста на болидите во последните две сезони и неможноста да стигне до третата шампионска титула го принуди да ја смени одлуката и да му се приклучи на Мекларен.

Испразнетото место во Ферари по заминувањето на Алонсо се очекува да го пополни сегашниот возач на Ред бул, Себастијан Фетел.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес