„Ферари“ го има најдобриот мотор во светот за 2016.

Од:

Повеќегодишната доминација на малолитражните трицилиндерци е прекината, откако за „Меѓународен мотор на годината 2016.“ е избран 3.9-литарскиот би-турбо В8 на „Ферари“.

Од друга страна, на истиот избор моторите со три цилиндри и натаму владеат во пониските категории.

Противниците на таканаречениот „даунсајзинг“ од погонски единици конечно ги дочекаа своите пет минути. По тригодишното владеење на 1.0-литарскиот ЕкоБоост мотор на „Форд“ со три цилиндри, во 2015 година наградата за најдобар мотор на годината (International Ingine of the Year) ја однесе 1.5-литарскиот трицилиндарски „БМВ“, за во 2016. жирито да се одлучи за нешто сосема поинакво.
Годинешниот победник доаѓа од погонот на „Ферари“, а станува збор за 3.9-литарски би-турбо В8 бензинец, што ги придвижува моделите „Ферари 488 ГТБ“, „488 Спајдер“ и „Калифорниа Т“.

Производителот од Маранело тријумфираше и во категоријата за најдобар мотор над 4.0 литри, во која победи неговиот 6.3-итарски В12 од моделот „Ферари Ф12тдф“.

За утеха „Форд“ повторно е најодбар во класата до еден литар, со споменатиот 1.0 ЕкоБоост агрегат со три цилиндри.

Во катергоријата од 1.0 до 1.4 литри за најдобар мотор е просгласен трицилиндарскиот 1.2-литарски турбо бензинец на компанијата „ПСА Пежо Цитроен“, додека во класата 1.4 – 1.8 литри триумфираше минагодишниот вкупен победник, трицилиндарскиот 1.5- литарски турбо мотор на „БМВ“ од моделот „и8“.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ