Феран Торес во Барселона за 55 милиони евра

Од:

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона се согласи да му плати на англискиот шампион Манчестер сити 55 милиони евра за услугите на напаѓачот Феран Торес, јавија вечерва британските медиуми.

Во сезоната 2020/21 шпанскиот напаѓач постигна 16 голови во 43 настапи за Манчестер сити со кој го освои англиското првенство и Лига купот и стигна до финалето во Лигата на шампиони, откако една година претходно се пресели во Премиер лигата од редовите на Валенсија за сума 20 милиони евра.

Дваесетиедногодишниот Торес оваа сезона не е на истото ниво и повеќе од два месеци отсуствуваше од терените поради фрактура на стапалото.

Барселона во Торес се надева дека ќе го најде толку посакуваното засилување во нападот, откако минатата недела остана без Аргентинецот Серхио Агуеро, кој поради здравствени проблеми стави крај на кариерата.

Каталонскиот клуб сезонава доживеа елиминација од групната фаза во Лигата на шампиони, а во Ла Лига е дури седмопласиран на табелата по 18 одиграни кола.

Би можело да ве интересира

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

Барселона не знае што да прави со играч вреден милијарда евра

Предраг Петровиќ

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса

Воз усмрти четири лица во Барселона