Фенингер ја победи Мазе во директниот дуел за Кристалниот глобус

Од:

Австријката Ана Фенингер ја одбрани титулата во генералниот пласман во Светскиот куп со триумфот на последната трка во дисциплината велеслалом, што се возеше во Мерибел, во Франција.

По денешната победа Фенигер ја анулира предноста на Тина Мазе (Словенија) од 18 бодови во пресрет на трката и со 22 бодови повеќе стигна до вредниот трофеј.
Покрај големиот Кристален глобус, Фенинегр го освои и малиот глобус во велеслалом.

На денешниот подиум меѓу победничката Фенингер и третопласираната Мазе место имаше за второпласираната Ева-Марија Брем (Австрија).
Пласман велеслалом:

1. Фенингер 542 бода,

2. Брем 436,

3. Микаела Шифрин357,…

Генерален пласман во Светскиот
куп:

1. Фенингер 1.553 бода,

2. Мазе 1.531,

3. Линдзи Вон (САД) 1.087,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ