Федерер: Надал и јас сме противници само на теренот

Од:

Швајцарецот Роџер Федерер зборуваше за односите со Шпанецот Рафаел Надал. Според него, долгогодишните ривали многу се почитуваат едни со други, но не се нешто големи пријатели.

– Ние се разбираме совршено. Кога комуницира со мене, Рафа е секогаш отворен и искрен. Ние многу се почитуваме. Но, не мислам дека сме најдобри пријатели. Тој има пријатели и подобри од мене. Исто како и јас. Но, главната работа меѓу нас е почитта. Ние сме противници само на теренот, изјави Федерер за „Tennis World USA“.

Федерер и Надал заедно со Новак Ѓоковиќ се најдобрите тројца светски тенисери последните години и воопшто меѓу најдобрите во историјата на овој спорт.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Надал остана без трофеј во Шведска

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад