Федерер ја прескокнува сезоната на земја, освен гренд слемот во мај

Од:

Роџер Федерер го скрои календарот за настапи во 2020 година, а она што е забележливо во него е определбата да ја прескокне сезоната на земја, освен “гренд слемот” во мај.

Швајцарецот моментно е трет на “АТП” ранг листата, по Ѓоковиќ и Надал, а пред Доминик Тим, во август ќе наполни 39 години, но реши да не игра на “Мастерсите” во Мадрид, во Рим и во Монте Карло во функција на што подобри подготовки за настап на “Ролан Гарос”.

Меѓу двата “гренд слема” (Австралија опен и Ролан Гарос), Федерер ќе настапи во Дубаи, “Индијан Велс”, односно Мајами пред да се појави на турнирот во Париз.

Отсуството на дел од споменатите турнири, секако, ќе придонесе за пад на ранг листата од причина што Швајцарецот требаше да брани поени во Мадрид и во Рим.

Би можело да ве интересира

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ