Федерер го пропушта Индијан Велс

Од:

Третиот тенисер на светот Роџер Федерер нема да настапи на турнирот во Индијан Велс, САД, поради повреда на коленото.

Тој планира на терените да се врати во Монте Карло на турнирот од 10-17 април.

Повредата, поради која го оперира менискусот на коленото, го принуди да ги промени своите планови и да не игра во американската пустина.

– Годината е долга и не сакам да избрзувам и предвреме да се враќам. Затоа, за жал, не сум во можност да играм во Индијан Велс, но јас планирам да се вратам во пустината следната година. По консултација со тимот, решив да играм во Монте Карло, соопшти 34-годишниот швајцарски тенисер.

Федерер додаде дека рехабилитацијата на коленото тече според планот.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ