Заврши настапот за Рожеr Федерер на вториот Гренд слем тениски турнир годинава Роланд Гарос.
Швајцарецот е елиминиран во осминафиналето на тениското првенство на Франција од Ернест Гулбис со 3:2.
Летонскиот тенисер на двапати имаше негатива откако првиот и третиот сет ги добиваше Федерер, а Гулбис се враќаше во игра добивајќи ги вториот и четвртиот сет.
Во решавачкиот петти сет Гулбис направи „брејк“ на стартот кој се покажа како клучен за конечниот исход. Во четвртфиналето Гулбис за противник ќе го има Томаш Бердих.