Федерер без загубен сет до четвртфиналето на „Ролан Гарос“

Од:

Носителот на рекордни 20 Гренд слем титули, Роџер Федерер е првиот четвртфиналист кај мажите на овогодинешниот „Ролан Гарос“. 37-годишниот Швајцарец, ставен под бр.3 во шемата, не даде никаква шанса на Аргентинецот Леонардо Мајер во осминафиналето и го елиминира од турнирот со 6:2, 6:3, 6:3.

Во првите 4 натпревари во Париз оваа година Федерер не загуби сет, а во четвртфиналето тој го очекува победникот од дуелот помеѓу неговиот пријател и сонародник Стен Вавринка (бр.24 во шемата) и 20-годишниот грчки талент Стефанос Циципас (бр.6 ). При последното учество на „Ролан Гароа“, Федерер беше елиминиран токму од Вавринка во четвртфиналето. Тогаш Стен го зеде и трофејот по успех во финалето против Новак Ѓоковиќ.

Федерер по 12-ти пат ќе игра четвртфинале во Париз. Тој веќе има 54 учества (изедначен рекорд) во четвртфинале во турнирите од „големата четворка“ и е единствениот со барем 12 четвртфиналиња во секое од нив. Швајцарецот стана и најстариот тенисер, кој се пласирал во четвртфиналето на Гренд-слем турнир од 1991 година.

Би можело да ве интересира

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ