Фаворитот Андерсон испадна од Вимблдон

Од:

Кевин Андерсон, минатогодишниот финалист на Вимблдон, испадна во третиот круг од годинашното издание на третиот Гренд слем на годината.

Јужноафриканскиот тенисер поразот го претрпе од Аргентинецот Гвидо Пела со рерзултат 3:0 во сетови, односно 6:4, 6:3, 7:6 во гемови.

Андерсон, беше четврт носител на турнирот и еден од фаворитите за освојување на ова отворено англиско првенство, кој минатата година загуби во финалето од Новак Ѓоковиќ.

Спортските медиуми калкулираа дека Ѓоковиќ можел да се соочи со Андерсон во полуфиналето, но сега како можни противници на патот до титулата во Вимблдон ќе му се испречат Раонич, Баутиста и Медведев.

Би можело да ве интересира

Алкараз се надева на победа-има психолог кој му помага да се соочи со Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е во финалето на Вимблдон

Жабер втора година по ред стигна до финалето на Вимблдон

Дали чувствуваш вина зошто си од Русија-Англичаните навиваа за Русинот против Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Вимблдон

Лани играше финале на Вимблдон, сега се повлече од турнирот

Катерина Ѓуровски