Компанијата „Митцубиши“ во пензија испрати десет генерации од моделот „Ланцер Еволушн“, а засега е откажана од неговиот наследник. Љубителита на овој автомобил, сепак, не сакаат така лесно да се откажат од него.
Еден од најпопуларните спростки автомобили во изминатите неколку децении, „Ланцер Еволушн“, моментално не е во плановите на !„Нитцубиши“j. Тоа, сепак, не ги спречува љубителите на овој модел да фантазираат за новата 11-та генерација, а некои од нив отидоа толку далеку што почнаа и да го осмислуваат и дизајнот на автомобилот.
Меѓу нив е и Еноч Габриел Гонзалес, независен дизајнер од Филипините. Замислениот „Ланцер Еволушн“ тој го темели на следната генерација на „обичниот“ „Ланцер“,што треба да се појави во 2018 година.
Иако неговата идеја нема никогаш да биде реализирана, многу фанови сакаат „Митцубиши“ да се предомисли и, сепак, да ја направи 11-та генерација на легендарниот „спортист“.