Норвежанецот Андерс Фанемел постави нов светски рекорд во скијачки скокови откако на скокалницата во Викерсунд скокна 251,5 метри.
Ова беше должина подобраза еден ипол метар од вчерашното достигнување на Словенецот Петр Превц кој само еден ден беше рекордер.
Сепак, иако Фанемел забележа најдолг скок во првата серија, поради послабиот скок во втората серија (202 метри) Норвежанецот на крајот натпреварот го заврши на второто место, зад Германецот Северин Фројд кој прелета 237,5 и 245 метри.
Третото место со скокови од 214 и 219 метри го освои домашниот натпрвераувач Андре Јохан Форфанг.
Во Светскиот куп води Превц со 1.265 бодови пред Стефан Крафт со 1.208 и Фројнд со 1.163.