„Family Аеродром“ на нозе: Боите на „Јане Сандански“ не смеат да бидат црвени!

Од:

Навивачката група на МЗТ Скопје Аеродром, популарните „Family“, во недела со почеток од 19:00 часот ќе имаат протестен собир пред новата сала „Јане Сандански“.

Како причина за ваквата реакција на навивачите од Аеродром се наведува наводно „доминирањето на црвената боја во салата“, која е боја на нивните најголеми ривали, екипата на Работнички и нивните навивачи „City Park Boys“, пренесе спорт 365.

„Имено, пред повеќе од година и пол дена беше претставен проектот за новата сала “Јане Сандански”. Лани во февруари започна и рушењето на нашата стара “лименка”, а сега веќе сме сведоци дека на истото место изградбата на новиот комплекс е речиси при крај и со голема веројатност идната сезона ќе започне токму тука. Она што нам ни пречи се следните работи преку кои едноставно не можеме да поминеме. Со оглед на тоа што “Јане Сандански” е првенствено ДОМ на МЗТ Скопје не можеме да прифатиме во салата да доминира црвената боја! Тоа е боја на нашите најголеми ривали, боја за која нема место во Аеродром. Тоа веќе го знаат и врапчињата на гранките, а камо ли некој што е инвеститор на салата и нејзин главен финансиер. Ние сме свесни дека Г-нот Самсоненко вложува големи пари и средства во новиот објект, но едноставно тоа сметаме дека не му дава за право салата да ја обои црвена! При потпишувањето на договорот за изградба на новата сала беше претставен и проектот каде што се виде дека столчињата ќе бидат со неутрална боја т.е. светло и темно сиви, како и плавата ложа. Тоа се гледа и на сликата … “, се вели во соопштението на навивачката група „Family“ објавена на нивниот официјален сајт.

„Денес за жал сме сведоци на една многу чудна работа која како да има за цел директно да не испровоцира.

Столчињата одеднаш како камелеони од сиви се претворија во црвени …“ дополнуваат од навивачката група од Аеродром.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос