Фабрегас се откажа 30 отсто од платата за да му помогне на Монако

Од:

Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец Фабрегас се согласи доброволно да ја намали својата плата за 30 проценти за да му помогне на својот клуб Монако финансиски поради тешката сезона во која се наоѓа поради пандемијата од коронавирус.

Триесет и две-годишниот играч од средниот ред исто така, предложил да не добива надомест за следните четири месеци.

Ова привремено ќе заштеди околу 2 милиони евра за клубот од Кнежеството, при што Фабрегас конечно се откажа од 500.000 евра.

Шпанецот исто така најави дека ќе го преземе 30 процентното намалување на надоместокот на персоналот во центарот за обука на клубот на свој грб, за да можат да ја добијат целосната плата за време на кризата.

Семејството на Фабрегас е погодено од КОВИД-19, откако неговата 95-годишна баба Флора била дијагностицирана со инфекцијата во специјализиран дом за стари лица во Шпанија.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

Винисиус планирал забава за 100 луѓе, на сите им ветил Ролекси

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ