Првиот човек на Шампионатот во Формула 1 Берни Еклстоун постигна договор со градот Мелбурн за организација на трки за Големата награда на Австралија најмалку до 2020 година.
Вообичаено сезоната во Ф1 почнува на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн, а така треба да биде и следната сезона на 15 март.
За првпат трка од Шампионатот во Формула 1 во овој австралиски град е возена 1996 година и оттогаш се вози секоја сезона.
Подолго од Австралија домаќини на Ф1 трки биле Шпанија, Монако, Велика Британија, Унгарија, Бразил, Белгија и Италија.
Следните возбудувања во Ф1 ќе се случат од 22 до 24 август во Спа кога ќе се вози за Големата награда на Белгија.