Возачот на Ред Бул, Австралијанецот Даниел Рикардо, извози 85 кругови и беше најбрз на тестирањето на патеката Каталуња крај Бареселона.
Тој на првиот ден од тестирањето постигна време од една минута 20 секунди и 79 стотинки. Втор беше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, додека трет заврши Кими Рајконен.
На четврто место е Нико Хулкенбер, додека двојниот шампион Фернандо Алонсо со Мекларен беше петти.
Алонсо имаше и проблем со болидот поради што излета на патеката.
Актуелниот шампион Луис Хамилтон заврши дури седми, а извози само 25 кругови.
Денеска не возеа Себастијан Фетел и Макс Φерштапен.