Европскиот Суперкуп 2016 година во Скопје?

Од:

Македонија се подготвува за кандидатура за организатор на фудбалскиот Суперкуп на Европа, пишува порталот Екипа.

„Филип втори“ за да ја добие привилегијата му требаат корекции, а се најавуваат сериозни вложувања за да бидеме подготвени за организација.

Ќе ни требаат некаде околу 20 милиони евра за да се комплетира арената „Филип втори“. Потребни се корекции на стадионот, за да се заокружи конструкцијата. Ќе мора да се подобри инфраструктурата за пристап до стадионот, да се корегираат недостатоците во внатрешниот дел, но вреди да се направи напор и да се поднесе кандидатура за организација на Суперкупот на УЕФА, вели извор за Екипа.

Арената „Филип Втори“ би можела да се вброи и меѓу кандидатите за организација на Европското првенство во 2020 година, прво што ќе се организира во повеќе земји на Стариот континент.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони