Европскиот шампион Вардар во Велес по потврда и на титулата во домашното првенство

Од:

Новиот европски ракометен првак Вардар чиј тим вчера имаше спектакуларен дочек во Скопје, веќе денеска ќе треба да ја завери новата шампионска титула и тоа во домашното првенство.

Вардарци попладнево ќе гостуваат во Велес кај екипата на Борец во последниот натпревар од плеј-оф лигата.

Во средбата која ќе започне од 17 часот „црвено-црните“ се апсолутни фаворити во дуелот против Борец кој на изминатите девет одиграни натпревари во плеј-оф конкуренцијата претрпе исто толку порази.

Со новите три бодови вардарци ќе имаат идентични 27 бодови како и во моментов прво пласираниот Металург, но поради подобриот биланс во меѓусебните средби Вардар ќе се врати на лидерската позиција.

Според најавата, свечената церемонија на доделување на шампионскиот пехар и златните медали ќе биде во СЦ „Јане Сандански” во 21 часот.

На тој начин пред домашната публика ќе биде заокружена најуспешната сезона во клупската историја, со четири трофеи, освоени во Лигата на шампионите, СЕХА лигата, како и домашниот Куп и на крајот и домашното првенство.

Би можело да ве интересира

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он

Исландски ракометар ги навреди Хрватите: Сигурно штеделе за да дојдат на овој натпревар

А1он

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ