Европската Унија против Мерцедес

Од:

Стручњаците на европските национални автомобилски индустрии, собрани во Брисел, ја поддржаа забраната за продажба на некои нови возила на „Мерцедес“, произведени во спротивност со прописите на Европската унија.


Неодамна беше објавена веста дека Франција ја забрани продажбата на одделни нови модели на „Мерцедес“ заради спорниот разладен систем што емитува претерано количество штетен гас.


Во меѓувреме, оваа одлука ја поддржа и Европската комисија.


Во соопштението што оваа институција на ЕУ го издаде, заедно со експертите на европската автоиндустрија, се  наведува дека  ќе се преземат мерки за повлекување на автомобилите што не се усогласени со прописите, а веќе се нашле на пазарот, како што тоа го направи Франција.


Со Директива на ЕУ е превидено од 1 јануари 2011 година во сите нови типови автомобили да се употребува помалку  штетното средство за разладување од супстанцата R-134а, што до сега во автомобилската индустрија важеше за стандард.


Автомобилската индустрија за новите модели постигна консензус околу изборот на средствата HFO 1234SF, на американскиот производител Honeswell. Бидејќи снабдувањето со новото средство не одеше мазно, Брисел го продолжи крајниот рок до почетокот на 2012 година. 


Во „Мерцедес“, меѓутоа, со тестирање утврдиле дека заради новото средство (HFO 1234sf) при евентуална несреќа може да дојде до истекување од системот, што го зголемува ризикот од пожар. Компанијата, во меѓувреме, продолжи со употребата на старото средство и се обрати до Европската комисија, барајќи да и се одобри исклучок.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска