Европската полициска служба, Европол откри криминална мрежа, во која се наместени резултатите на 380 натпревари, вклучувајќи ги и оние од Лигата на шампионите и квалификациите за светското првенство.
-Јасно ни е дека ова е најголемата истрага која е водена досега – изјави шефот на Европол, Роб Вајнврајт.
Тој нагласи дека за наместените натпревари осомничени се дури 425 судии, играчи и други официјални лица и дека се очекува деталите да бидат изнесени во јавноста.